ВРЕМЕПЛОВ -Настани на денешен ден, 17 јануари

1377 Грегориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.

1562 На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција

1601 Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид.

1773 Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Јужниот Поларник.

1912 Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот Пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Роалд Амундсен.

1919 Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.

1939 Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.

1945 Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска

1948 Основано препријатието за јавен превоз ЈСП Скопје.

1953 Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.

1961 По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.

1991 Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата „Пустинска бура“. Ирак лансира 8 ракети Скад погодувајќи цели во Израел

1995 Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6.433 лица.

1996 Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.

1998 Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.

2001 Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и англиски јазик

 

Од Википедија — слободната енциклопедија