Францускиот фудбалер Диавара се спротивстави на забраната за пост и го напушти тренинг кампот на репрезентацијата

0
39

Фудбалерот Махамаду Диавара го напушти тренинг кампот на репрезентацијата откако Фудбалската федерација на Франција воведе забрана за постење за фудбалерите во националната селекција, пренесува Анадолу.

Како што наведуваат француските медиуми, Диавара, играч од средниот ред на Лион, бил повикан во репрезентацијата до 19 години, но го напуштил кампот на националниот тим и на тој начин го покажал своето незадоволство од новиот пропис на Фудбалската федерација на Франција со кој им забранува на играчите да постат за време на тренинзите и натпреварите на репрезентацијата.

Федерацијата објави дека Диавара се вратил во клубот, а наместо него е повикан Демеин Табибу Асумани од Нант.

Французите претходно, исто така, донесоа одлука да не ги прекинуваат натпреварите на неколку минути за да можат играчите да се напијат вода или нешто да јадат за да го завршат рамазанскиот пост. И оваа одлука предизвика жестоки реакции во јавноста во таа европска земја.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.