Заложничка драма во холандскиот град Еде

0
69

Тројца од заложниците во холандскиот град Еде, во близина на Утрехт, се ослободени, но ситуацијата е и натаму опасна, соопшти холандската полиција на платформата Х. Претходно беше јавено дека вооружено лице има земено повеќе заложници. Голем број полицајци ја опколија областа во центарот на градот, објавија холандските медиуми. Според полицијата, евакуирани се околу 150 станови. Во исто време, властите повикаа луѓето да го избегнуваат центарот на градот. Продавниците се затворени.

Според информации на весникот „Телеграф“, во објектот каде што се одвива заложничката драма има вооружен маж во „мантил“ кој тврди дека има експлозив со себе. На лице место се распоредени специјални единици кои, според информациите на телевизијата НОС, се опремени и со робот за деактивирање експлозивни направи.

Нема индиции за терористички мотив, потенцира полицијата. Оттаму се вели дека нема да бидат објавени дополнителни детали, бидејќи тоа би можело да биде „на штета на заложниците“.

извор: DW