Лет од Тел Авив, Израел, непланирано слета во Њујорк поради силните ветрови и турбуленција, при што седум патници се здобија со полесни повреди, соопштено е доцна синоќа, јавува Анадолу.
Летот 85 на Јунајтед ерлајнс од Тел Авив се спушти на меѓународниот аеродром Стјуарт во Њујорк, наместо во Њуарк, Њу Џерси, во 18:45 часот по локално време, според аеродромските власти на Њујорк и Њу Џерси.
Повредените патници, кои пријавиле симптоми како гадење, проблеми со движењето и непријатност во градите, биле однесени во блиските болници на евалуација, рече Мајкл Биг, одговорен за итната медицинска помош на Њу Виндзор.
Боингот 787 превезувал 319 патници во моментот на инцидентот, додаде тој.
Авионот подоцна го продолжил своето патување до меѓународниот аеродром Либерти, во Њуарк, соопшти Јунајтед ерлајнс.
Федералната управа за авијација најави дека ќе го истражи инцидентот.