(ВИДЕО) Бугарски крузер се заби во бетонски ѕид на Дунав, има повредени

0
77

Единасет лица се повредени кога бугарски крузер во текот на ноќта удрил во ѕид на брегот на реката Дунав во северниот дел на австрискиот град Ашах на Дунав, јави локалната полиција.

Во моментот на несреќата во бродот биле 160 патници, а патувал од Баварија кон австрискиот град Линц. 11 повредени се пренесени во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека уште шест лица добиле полесни повреди, за кои не треба хоспитализација.

Според првите информации, откажала електрониката на бродот, но штетата не била сериозна.