(ВИДЕО) Силен ветар со брзина поголема од 100км/час во италијанскиот скијачки центар „Цервинија“

0
69

Би-Би-Си објави видео на кое се гледа како седиштата на жичарницата во италијанскиот скијачки центар „Цервинија“ силно се тресат додека дува силен ветер со брзина поголема од 100 километри на час.

Патниците биле во најмалку една од гондолите на жичарницата, а поради силниот ветер биле евакуирани, пренесува Јутарњи лист.

Објектот на северниот дел на Италија веќе беше затворен за јавноста поради лошите временски услови, а последните скијачи беа на жичарата и се упатија кон горната станица.

Потоа дошло до ненадејна промена на времето и силен ветер. Посетителите објавија видеа на социјалните мрежи на кои се гледа како гондолите застрашувачки се лулаат и патниците се заробени во нив.

 

faktor.mk