Српската полиција во текот на ноќта ги информирала австриските колеги и на Европол ги испратила сите податоци и снимки од Данка

0
76

Српската полиција проверува дали исчезната двогодишна Данка Илиќ е на видеото денеска објавено на социјални мрежи, на кое се гледа мало девојче во присуство на две жени во Виена. Според српските медиуми, двете жени се Романки.

Полицијата сега интензивно работи на идентификација и на лоцирање на девојчето за кое се тврди дека е Данка Илиќ. Како што дознаваат српските медиуми, мајката на Данка во моментот е во полиција каде го прегледува видеото за да може според одот и движењето да утврди дали станува збор за нејзината ќерка.

Претходно таа за новинарите рекла дека не го видела видеото, бидејќи не посетува социјални мрежи, што уште толку ги разбранува коментарите на јавноста за нејзината евентуална вмешаност во исчезнувањето.

Полицијата во текот на ноќта ги информирала и австриските колеги и на Европол ги испратила сите податоци и снимки.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Батајница ја коментираше работата на полицијата во случајот со исчезнатата Данка Илиќ, зборувајќи за нова трага која се појавила синоќа.

  • Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата која работи дење и ноќе. Кога се појави нова трага во три и пол, ме известија и мене. До пет и пол сите беа на своето место. Секоја чест за нивната посветеност, колку луѓе секојдневно се борат за еден прекрасен живот, се надевам дека ќе успеат да го решат и тој случај, изјави Вучиќ.