Денес во Македонија го очекуваме максимумот на рано летниот топлотен Африкански бран, со што и температурите ќе бидат највисоки, а времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на умерена локална облачност. Сепак во текот на денов ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат до 30 степени. Не се исклучува можноста температурите во најтоплите предели понекаде да се искачат дури и над 30 степени.
И понатаму од Сахара према наташа држава ќе се врши значителен транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде многу заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, што особено лошо ќе влијае врз метеопатите, стои во најновата информација од метеопрогнозерот Славчо Попоски.