Зијадин Села ја добил правната битка за партијата со актуелниот претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари..
Веста за Канал 5 доцна попладнево ја потврди токму Села, посочувајќи дека таквата информација му ја дал неговиот адвокат..
Со тоа, Села, кој неодамна со неговото крило му се приклучи на Европскиот фронт на Али Ахмети, се враќа на челната позиција во партијата.. Канал 5 се обиде, но не успеа да обезбеди потврда или став од Таравари, ниту од судот во Тетово, каде се водеше спорот.. Несогласувањата во Алијансата за Албанците кулминираа по одлуката на Арбен Таравари да се приклучи на опозицискиот блок.
извор: Канал 5