Aвстриска полиција: Девојчето снимено во Виена многу веројатно е Данка

0
127

Австриската полиција објави видео снимено на трамвајска станица во Виена, на кое се верува дека ја прикажува малата Данка Илиќ која исчезна во близина на Бор на 26 март.

Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста девојчето да е тоа.

Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, претпоставуваат дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција по наредба на јавното обвинителство бара апсење.