Овој викенд територијата на Македонија под влијание на нов топол бран од Африка

0
144

Викендот кој доаѓа, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов топол бран од Африка кој ќе услови нов значителен пораст на тмпературите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, со појава на мала локална облачност.

Сепак во недела, особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време како и во останатите места од Македонија. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 27 степени.

Уживајте во прекрасното време и правите планови за викендот кој доаѓа уште од сега, поради тоа што временските услови ќе бидат многу поволни за прошетка, или пак за скара во природа, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.