Пронајден починат маж во близина на фудбалскиот стадион во с.Неготино

0
100

Вчеравечер околу 22.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во близина на фудбалскиот стадион во с.Неготино, гостиварско, бил пронајден починат М.Б.(77) од истото село, за кој претходно неговиот син и внуци пријавиле дека се оддалечил од домот.

Како што соопшти СВР Тетово, смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.