Пламените јазици до темел го изгореа симболот на Скопје – Универзална сала

Пламените јазици до темел го изгореа симболот на Скопје – Универзална сала. Нема жртви ниту повредени, само две жени завршиле на Токсикологија поради вдишен чад. Како што информира МВР, приведени се тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот. Пожарникарите велат дека тешка била борбата со огнената стихија, но за среќа пожарот е целосно изгаснат, објави АЛФА.

„Веднаш беа испратени две противпожарни возила од блискиот потцентар во населбата Тафталиџе коишто уште при доаѓањето забележаа висок столб од чад и веднаш побараа дополнителна помош“, вели Ѕвонко Томески, командир на скопската противпожарна бригада.

Според фирмата изведувач,причините за избивањето на пожарот е стара инсталација, но не се исклучува можноста и да е човечки фактор.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека ќе се продолжи со градбата штом се утврдат причините за пожарот.

Текстот во целост на: АЛФА