Експлозијата се случила во една од двете електрани во вештачкиот басен Сувијана, на Болоњските Апенини.
Според првите информации, експлозијата се случила при работи во хидроцентралата, на 9-ти кат од електраната, која се наоѓа на 30 или повеќе метри под нивото на водата.
„Несреќата се случила под нивото на водата, има многу чад, тешко влегуваме во просториите“, велат пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е позната. Во моментов се претпоставува дека експлозијата се случила во генератор приклучен на турбината.
Според извештаите, браната не била оштетена.