Овие земји ќе имаат најмногу жители во 2075 година: Африканската моќ драстично расте, а во Кина – аларм

0
53

Се претпоставува дека на крајот на 21 век ќе се забележи првото намалување на светската популација по индустриската револуција. Стапката на наталитет ширум светот се намалува, па Visual Capitalist ги визуелизираше проекциите на населението за шесте најголеми земји, користејќи ги податоците од најновата верзија на проценката на светското население на ОН, пишува Јутарњи лист.

Според нивната статистика, на популацискиот бум во Кина и официјално му дојде крајот, што го потврдуваат и податоците за последователно намалување – намалување од 850 илјади жители во 2022 година и уште едно намалување за 2,1 милиони годинава. Кина имаше население од 1,4 милијарди во 2022 година.

Бројот на Кинезите во 2050 година се предвидува да биде 1,3 милијарди, што е приближно исто како и во 2007 година. ОН веруваат дека демографскиот пад ќе се забрза како што влегуваме во втората половина на векот, а за 2075 година предвидуваат население од приближно една милијарда. Економијата на Кина тогаш би можела да страда од помала работна сила и стареење на населението, што ги зголемува трошоците за здравство и го кочи економскиот раст.

Според податоците од 2022 година, САД имале 333 милиони жители, а предвидувањата за 2075 година се 390 милиони. Раст се предвидува и за Индонезија, од 275 милиони жители во 2022 година на 316 милиони во 2075 година. Населението на Нигерија би можело повеќе од двојно да се зголеми, поради проектираниот раст од 219 милиони на 490 милиони, но слична ситуација се предвидува и за Пакистан, кој имаше население од 236 милиони во 2022 година и може да има околу 450 милиони според ОН до 2075 година.

 

telegraf.rs