Бранко Героски: Дали за Груевски е договарана амнестија во претседателската вила на Водно?

0
70

ФБ објава на новинарот Бранко Героски. Истата ја пренесуваме во целост:

Само да потсетам. Во една анализа што ја објавив на 7 ноември лани, значи пред повеќе од четири месеци, го напишав следново:

“…Реакцијата на Заев несомнено значително ја ‘поскапела’ операцијата за враќање на Никола Груевски во земјата. Особено што таа доаѓа после еден сериозен гаф на првата неформална средба на која лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред претседателот Стево Пендаровски, пред премиерот Ковачевски и пред други лица ја промовирал својата иницијатива за амнестија на Груевски и за негово враќање во земјата. Се зборува дека деталите од таа средба, на која присуствувале и двајца влијателни амбасадори на земји од Запад, протекле во политичките кулоари на еден несекојдневен и скандалозен начин. За своите сознанија за тој гаф, Плусинфо ќе ја извести јавноста кога ќе ги потврди деталите.”
Факт е дека по оваа најава, јас не ги објавив деталите за таа средба кај Пендаровски. Претпоставувам дека во своите настапи вчера и денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ мисли токму на таа средба.
Колку што мене ми е познато, деталите за овој настан протекле на начин што ќе биде многу тешко да се скрие или да се негира она што се случило.
Но, разоткривањето на приказната им ја препуштам на актерите на изборната кампања.
Во оваа прилика можам да споделам само еден детал што го дознав од добро упатен извор – сценариото за амнестија на поранешниот лидер на ВМРО и за негово враќање во Македонија сепак било скицирано без активно учество на Никола Груевски.
ПС. Во првиот коментар линк до мојата анализа од 7 ноември лани.

извор: ФБ Бранко Героски