Повредена 34 годишна жена од Делчево вработена во продажен објект

0
50

Вчера во Полициска станица Делчево, било пријавено дека во Итната медицинска помош Делчево била донесена повредена Љ.Т.(34) од Делчево.

Според пријавеното, таа со повредите се здобила при извршување на работни задачи во продажен објект.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Делчево, а известен бил и трудов инспектор.