Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека училишните клупи се повеќе се празнат, а објавените бројки покажуваат дека цели семејства со деца на училишна возраст ја напуштаат Македонија.
Тука секако, заслуга има и наталитетот, односно младите се подоцна стапуваат во брак, како и новата „светска мода“ – да се избегнува бракот.
Анализата што ја направи порталот „Пари“ покажува дека за една деценија бројот на деца што одат во основно училиште се намалил за 6 проценти, а бројот на средношколци дури за 24,7 проценти!
Имено, пред една деценија (учебната 2012/2013) во основните и во средните училишта, имало вкупно 282.637 деца, или дури 33.714 повеќе од ланската учебна година што значи дека во училишните клупи, имало 11 проценти помалку деца. Поединечно, намалувањето на бројот на децата во основните училишта е за 11.810, или за околу 6 проценти лани во однос на состојбата од пред 10 години.
Податоците се особено алармантни за учениците во средните училишта, каде во истата година имало 88.582 ученици, или 21.904 повеќе отколку лани што значи дека бројот на деца во средношколските клупи е намален за 24,7 проценти.
Статистичките податоци покажуваат дека бројот на средношколците речиси во континуитет се намалува, а најголемото осипување во последната деценија е меѓу учебната 2015/2016 и 2016/2017 година.
Целата вест прочитајте ја ТУКА