Вечерва пред граѓаните во Охрид се обратија и тројцата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ од Охрид при што посочија дека промените се во рацете на граѓаните, време е да се работи за подобро утро на македонскиот народ и за просперитетна Македонија.
Сашо Донев порача дека оттука, од непокорен и победнички Охрид, уверува дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ искрено ќе се посвети на развојот на Македонија, на Охрид.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била и ќе биде влада која искрено го поддржува Охрид и која ќе ги реализира капиталните инвестиции, кои им беа ветени на охриѓани изминатите триесет години. За само две години несебична и макотрпна работа конечно успеавме финансиски да ја раздолжиме 30 години задолжената општина. Тоа и е одлика на ВМРО–ДПМНЕ, да работи во секој град, во секое село и населено место“, истакна Донев.
Донев појасни дека со поддршката на граѓаните ќе се создаде вистинска европска Македонија. Македонија со која ќе се гордеат сите, Македонија да биде пример за работа, за чесност и за посветеност.