Нова серија земјотреси во Тајван: Најсилниот бил 6,3 степени, има штети

0
44

Округот Хуалиен во кинескиот регион Тајван повторно беше погоден од серија земјотреси во понеделникот вечерта и утринава, при што имаше помали штети и нема повредени, јавува Ројтерс.

Најсилниот земјотрес регистриран синоќа бил со јачина од 6,3 степени.

Противпожарната служба на Хуалиен соопшти дека две ненаселени згради претрпеле штета.

Хуалиен беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер на 3 април, при што загинаа 14 луѓе.

После тоа се забележани уште 1.000 последователни потреси.

 

 

telegraf.rs