Денеска топло преку ден, а четврток носи нови врнежи од дожд, но и снег на планините на запад над 1400-1500 метри

0
71

Утре преку ден очекуваме во Македонија времето да биде потопло, но и со повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локален слаб дожд, а ќе дува и умерен, повремено и локално засилен ветер од југозападен правец. Утре наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека на високите, како и на планинските места ќе биде нешто постудено.

Максималните дневни температури на воздухот утре ќе бидат повисоки за разлика од денес и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Сепак утрешната ноќ носи нови врнежи од дожд од запад, но на планините во западните предели со надморска височина од над 1400-1500 метри, и тоа поради падот на температурите врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи ќе има и во четврток.

Во четврток повремени врнежи од дожд очекуваме и во Скопје и околината.

Конечно постабилно и пролетно топло време можеме да очекуваме од петок (26.4.2024), пишува во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk