Стево Пендаровски го призна поразот, и честиташе победа на победниците. Воедно напомена дека совеста не е мирна на оние кои не гласале за претседател и се одлучиле да бојкотираат.
„Дозволете да се заблагодарам на сите учесници во изборниот процес и на сите институции кои се погрижија да помине овој ден фер и демократски. Знаеме дека има извештаи за изборни прекршувања, но оставаме институциите да ги разрешат и да не остават ниту една темна дамка на изборниот процес.
Резултатите се јасни, и немам намера подетално да ги образложам. Согласно резултатите, сакам да им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните пет години.
Мојот концепт на мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евроатлантските структури, денеска, за жал, не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Јас сум длабоко убеден дека само така Македонија може да биде демократска и проспиретна држава. Затоа мојата совест е мирна. Не сум сигурен дека совеста е мирна на оние кои не дозволија на граѓаните да го земат второто ливче и да гласаат на претседателските избори денеска.
Ја користам приликата да ви се заблагодарам на успешната соработка во изминатите пет години, и се надевам ќе соработуваме во иднина“, рече Пендаровски.
tv21.mk