Муцунски: ЗЕЛС не функционира, претседателката Арсовска ниеднаш го нема свикано, што покажува слаб интерес кај неа за решавање на проблемите на општините

0
198

Кога е во прашање ЗЕЛС, со жалење морам да констатирам, дека до сега, а и најчесто кога се среќавало тоа тело, било на иницијатива на членовите на Управниот одбор, а не на претседателот. Значи имаме едно нефункционирање, слаб интерес за ангажманот од страна на претседателот на ЗЕЛС за решавање на крупни проблеми на општините, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром,Тимчо Муцунски.
Тој во своето гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на Сител телевизија истакна дека општините се сериозно погодени од енергетската криза и од поскапувањето на електричната енергија и дека во услови кога државниот буџет се зголемува, тој на општините се намалува, а тука никаде го нема претседателот на ЗЕЛС, кој што во случајов е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да ги застапува пред владините органи и да ги брани нивните права.

Муцунски исто така истакна дека Арсовска не реагираше ниту во делот со неодобрувањето на општинските обврзници од страна на Владата, со што се прегазени и уставно загарантирани права како и постоечки закоски решенија.

Ние сме сериозно погодени од енергетската криза. Ликвидноста на општините е намалена. Додека државниот буџет расте, статистички можете да видите дека буџетите на општините ширум Македонија се намалуваат. Тоа пред се, бидејќи ние сме најизложени на енергетската криза. И во моменти кога влада презема одредени чекори против општините, како на пример, кога се донесе една одлука спротивна на Устав, спротивна на важечки закони од ЗЕЛС, скоро молк. Никаков интерс да се покаже проактивен пристап, бидејќи, што правиме ние, располагаме со јавни средства во интерес на граѓаните кои што не избрале и ги менаџираме тие средства. Но, телата како ЗЕЛС се тука да нудат решенија, но кога и се нападнати општините, да помогнат да се одбранат и да се преземат превентивни мерки, рече Муцунски.

Муцински додаде дека тој не е член на Управниот одбор, но знае дека членовите на Управниот одбор постојано се консултираат и верува дека сите тие мерки кои што ќе се преземат од страна тие лица, негови колеги, луѓе во кои има максимална доверба, ќе бидат во насока конечно да почнат да функционираат институциите на системот кои што не функционираа во последната година дена.

И во однос на кординативното тело на граданоначалниците на Градот Скопје, каде што претседава градоначалничката на Градот Скопје иста е ситуацијата и со ЗЕЛС, многу мал интерес за работа, а гледам често, многу висок степен на политичка демагогија, но работата на локалната самоуправа е прагматична и е на терен, не е тоа висока политика, вели Муцунски додавајќи дека има политички арени каде што ќе се пресметуваме сите политички и врз основа на програми и платформи, тука сме избрани да работиме и тука сме избрани да решаваме проблеми за да имаме развој во општините и за да најдеме начин како заеднички да излеземе од овие разни кризни состојби кои што за жал ги имаме.

Морам со огромна жал да констатирам дека телото кое што има обврска да ги координира општините кои што се интегрирани во рамките за законите, а тоа е координативно тело на градоначалниците во градот Скопје, кое што треба да го води градоначалникот на Градот Скопје, законски тоа има обврска да се сотанува еднаш месечно. До сега во последните година дена се има состанато вкупно четири пати, а во полседните шест, седум месеци воопшто не е ни свикана било каква средба. За жал, нема интерес за комуникација на Градот Скопје со општините, иако ние тука пред се работиме за граѓаните, така сме избрани. Да ги тргнеме на страна политичките несогласувања, ги имало и ќе ги има. Ние треба да работиме во интерес на граѓаните. Немањето на желба за комуникација, немањето на желба за кординација е примарно кај градот Скопје, истакна Муцунски.

извор: ВМРО ДПМНЕ