Под влијание на влажна но и посвежа воздушна маса од север, утре ќе имаме значително посвеж ден за разлика од денес кога температурите преку ден ќе се искачуваат во интервалот од само 12 до 20 степени.
Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд, побилни во јужните предели каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
Денес ќе дува и ветер од северен правец.
Во Скопје и околината исто така ќе биде посвежо и променливо со услови за повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 17-18 степени, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.