Најава за топол бран од Африка, за време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

0
135

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на викендот кој доаѓа температурите во Македонија позначително ќе се покачат, па така тие на повеќе места ќе надминуваат 25 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат  и до 30 степени, локално и до 32, 33 степени.

Сепак, краткотрајно стабилизирање на времето ќе имаме само во петок и во сабота, веќе од недела попладне ни следува нов период на многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи. Поради загреаната Атмосфера која ќе биде исполнета со енергија поради најавениот топол бран, на повеќе места ќе се создадат услови за посилно невреме со силен ветер, обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења  и покрупен град, стои во најновата најава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk