Денес попладне и навечер постои нова опасност од посилно невреме во источните предели од Македонија

0
121

Денес особено попладне  и навечер, особено во источната половина од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно и тоа токму во споменатите предели можно е по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде по крупен.

Услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има  и во делови од Скопската котлина.

Во случај на појава на невреме, како и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29-30 степени.  Во Скопје температурата денес ќе достигне до околу 26-27 степени.

Потоа, утре и во петок ќе имаме по стабилна Атмосфера  и без опасност од по големо невреме, а нови врнежи од дожд и нестабилност очекуваме за време на викендот, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk