Силјаноска Давкова: Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на Св. Кирил и Методиј.

0
258

Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, исполнети со радост и со среќа што имаме можност да ги ползуваме плодовите на великото дело на солунските браќа. Благодарение на нив, словенските народи добија можност да ја развиваат својата духовност, култура, образование, наука. И македонската јазична и културна самобитност, но и светогледот и космополитизмот се втемелени од нивната работа и достигнувања, и од нивното човекољубие, пишува во објавата на ФБ претседателката Гордана Силјаноска Давкова.