До крајот на денов многу сонце и топлина – попладне ретка нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи

Денешниот петочен ден ќе го поминеме со многу сонце и малку облачност, а и ветерот ќе го има многу помалку за разлика од вчерашниот ден. Сепак во попладневните часови постои веројатност за ретка нестабилност, проследена со пороен дожд и ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, во Скопје до околу 27-28 степени.