ЦУК: Пожарот кај село Фурка се интензивира и побарано е хеликоптерска интервенција во гасењето

0
251

Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400м.Гори деградирана шума-прнар а на места има и борова шума. Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата Градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија. На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе се движи кон Општина Богданци.
Ангажирани сили и служби
ТППЕ Гевгелија со 10-14 пожарникари и 3 пп м.в. , Доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода,Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, ЈПНШ Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП Возило и 3 пожарникари,ДЗС-Валандово со 1 Возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила, информираат од ЦУК.