Фунџо Лама ја врати титулата најбрза жена која се искачила на Еверест

0
59

Непалката Фунџо Џанму Лама се искачи на Еверест за 14,5 часа, враќајќи ја титулата најбрза жена која го искачила највисокиот врв на светот, јавува Анадолу.

Таа тргна од базниот камп во средата во 15:52 часот по локално време, а на врвот стигна во четвртокот во 6:23 часот.

Како што пренесува Еј-би-си њуз, Лама се искачила на Еверест, највисоката планина во светот, за 14 часа и 31 минута.

Искачувањето и спуштањето траеја 24 часа и 26 минути.

Претходниот рекорд на искачување и спуштање на Лама од 39 часа и шест минути беше соборен во 2021 година од алпинистката од Хонг Конг Ада Цанг Јин-хунг со време од 25 часа и 50 минути.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.