Вечер од 21 часот ќе нема вода цел клинички центар во Скопје, од „Водовод“ велат ќе постават цистерни и пред клиниките и детската болница „Козле“

0
86

Вечерва од 21 часот до утре во 5 часот без вода ќе биде Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје поради зафат на водоводната мрежа. Покрај Клинички, без вода ќе останат и детската болница „Козле“, вила Водно и резиденцијални објекти во реонот Водно.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички центар и болницата „Козле“, а исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во дежурната служба на скопски „Водовод“, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните.

Од претпријатието објаснуваат дека Водно и болниците ќе немаат вода оти ќе се врши зафат на мрежата во овој дел заради намалување на загубите на вода.

Од Министерството за здравство досега нема никакви насоки за пациентите кои се лекуваат во Клинички центар, ниту како ќе се вршат операции и ќе се примаат итни пациенти кога цел болнички комплекс ќе нема вода.

Во истиот период од 21 часот до 5 часот зафат ќе има и на главната водоводна цевка за поврзување на 12 села од Сарај на градскиот водовод. Поради тоа, од претпријатието велат дека вода ќе нема или слаб ќе биде притисокот во Сарај и Ѓорче Петров. Зошто во ист ден се вршат два зафата, од претпријатието не објаснуваат.

Извор: libertas.mk