Вучиќ: Да зависеше членството на Косово во Советот на Европа од Македонија тоа ќе беше решено со еден телефонски повик

0
116

Претседателот на Србија Александар Вучиќ смета дека тоа што Косово нема да стане членка на Советот на Европа е резултат на паметната дипломатија на Србија како и на разумниот став на Франција и Германија.

Тоа да зависеше од Македонија или од Црна Гора тоа ќе беше решено со телефонски повик, немаше да биде потребно некој да доаѓа да гласа.Не им помина така како што очекуваа-рече Вучиќ синоќа за ТВ Прва.