Регионот во периодот од 31 мај до 3 јуни ќе биде со обилни врнежи од дожд, невреме и поплави

Во периодот од 31 мај па се до 3 јуни и тоа под влијание на циклонска активност и тоа со центар над северна Италија, во најголем дел од регионот се очекува многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер. На повеќе места ќе се создадат услови за олујно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, силни грмежи, бурен ветер и силен град – можни се локални поплави, особено во делови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и северот на соседна Србија. Препорачуваме крајна внимателност! И во Македонија во овој период локално постои можност за локално невреме, што значи и покрај топлиот бран од Африка, стабилизирање на времето нема да имаме, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk