Таравари пред средбата со Еди Рама, се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, кој вечерва ќе биде дел од лидерската средба кај албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, денеска во Приштина бил примен од претседателката на Косово Вјоса Османи. Таравари, придружуван од пратениците Артина Ќазими и Елми Азири, на средбата изразил загриженост поради состојбите на северот од Косово.

На средбата разговаравме и за ситуацијата на северот на Косово, која со загриженост ја следиме и гласно зборувавме за осудата на тамошните дестабилизирачки структури. Им честитав на властите на Косово за поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Европската Унија, изразувајќи уверување дека ЕУ ќе биде на ниво пред исклучителниот предизвик што го загрозува мирот, безбедноста и нашите заеднички вредности, посветувајќи се на конечното обединување на нашиот континент, кажал на средбата Таравари.

Во партиското соопштение се вели дека тој ѝ честитал на претседателката Османи за „општото управување на Косово и фокусот на институциите во борбата против криминалот и корупцијата, што е и главен приоритет на Алијансата за Албанците“.

„Соработката со институциите на Косово за да се научи од досегашното искуство во изготвувањето на правната рамка за борба против корупцијата, би била корисна и за нашата земја”, нагласил претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

извор: Република
фото:Република