Македонија првпат во историјата ќе има скокач во далечина на ЕП во атлетика!

Данецот со македонско потекло, кој од неодамна се натпреварува за жолто-црвената селекција, Андреас Трајковски, добива шанса да ја претстави Македонија на ЕП 2024 во Рим (7-12 јуни), со што ќе стане нашиот прв натпреварувач во оваа дисциплина во историјата на големите атлетски натпреварувања.

Тој се најде на 25. место на ранг листата во скок во далечина, со што преку остварен ранкингобезбеди учество на овој континентален собир.

„Среќен сум што успеав да се квалификувам за Рим. Ова ќе биде мое прво учество на сениорско Европско првенство во мојата кариера и многу сум возбуден што ќе го носам македонскиот дрес. И имам единствена цел, а тоа е да се пласирам во финалето и да испишам историја за Македонија“ изјави Tрајковски.

Дарио Ивановски претходно со остварена норма избори учество во полумаратонската трка, што значи дека Македонија ќе има двајца представници со исполнети критериуми за учество, што досега се нема случено.

 

sport1.mk