Пијан се обидел да ја отвори вратата за време на лет, авионот итно бил приземјен

На летот на „EasyJet“ настанал хаос откако пијан патник се обидел да ја отвори вратата додека авионот бил во воздух.

Полицијата чекала на пистата на аеродромот во Аликанте во Шпанија и уапсила 28-годишен маж кој бил толку пијан што не сфатил дека авионот се уште е во воздух.

Други патници му помогнале на екипажот со задржување на разбеснетиот маж за време на тепачката во која тој се заканувал на безбедноста на летот.

Според извештаите, патникот веќе бил пијан кога се качил во авионот, но неговата состојба „се влошила за време на летот“.

Ситуацијата ескалирала кога тој се степал со другите патници откако ги навредувал. Тој се обидел да удри член на персоналот, но потоа сите присутни се обиделе да го спречат хаосот.

Во средина на тепачката, пијаниот маж се обидел да ја отвори вратата од авионот за да излезе, несвесен дека тие летаат, а потоа се обидел да добие пристап до пилотската кабина.

Според тамошните медиуми, капетанот стапил во контакт со контролната кула на Аликанте за да ги предупреди дека во летот имаат пијан патник, кој во неколку наврати морале да го имобилизираат поради безбедносни закани.

По слетувањето на авионот, пијаниот маж е уапсен.

Аеродромот Аликанте е еден од оние кои регистрираат најмногу конфликти со патниците, пишуваат медиумите во регионот.