Обвинение за четири лица за убиството на Вања Ѓорчевска

0
104

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Продолжува истрагата за две лица – едниот од нив е првообвинетиот Љупчо Палевски, кој неодамна беше екстрадиран во земјата, по бегството во Турција.

Детали за суровите убиства
Обвинителството половина година по случајот кој ја шокираше јавноста, изнесе детали кои се базираат на доказите прибрани за време на истрагата. Според нив, убиствата биле извршени од користољубие и на свиреп начин, а таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски, „помогнал да се реализира планот“, со тоа што давал податоците кога таа ќе тргне за на училиште.

Како што наведуваат од обвинителството, се започнало на 22.11.2023, кога групата го грабнала Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде неговото возило „цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Тие отишле во куќата на Жежовски, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано „Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.

 

DW