Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата од лични причини уште на 27 мај годинава.
Управниот Одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на седницата одржана на 30 мај, во согласност со законските прописи, ја констатираше поднесената оставка и донесе одлука за разрешување од функцијата директор на АЦВ, на мое барање. Со тоа, на 31 мај престана мојот работен однос во АЦВ. Во согласност со законските одредби, на работа се враќам во аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, каде што досега мируваше мојот работниот однос – вели Тунтев.
Тунтев беше директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство пет и пол години, од 2019 досега.
Извор: МИА