Најмалку 435 тони злато нелегално прошверцувани од Африка во 2022 година

0
112

Извештајот на швајцарската невладина организација „По патеката на африканското злато“ во вчера објави дека најмалку 435 тони злато биле прошверцувани од Африка во 2022 година, што претставува значителна загуба на приходи поради корупција, владеење и вооружени конфликти, пренесува Анадолу.

Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и Индија се прикажани како главни дестинации на извозот на африканското злато. Мали, Зимбабве и Брегот на Слоновата Коска се водечки земји во производството на злато.

Во извештајот на една невладина организација со седиште во Швајцарија се вели дека во Африка во просек годишно се произведуваат од 321 до 474 тони нерегистрирано злато.

Според оваа организација, шверцот со злато низ континентот е двојно зголемен во 2022 година во однос на претходните години.

Земји со најголемо производство на нерегистрирано злато се Гана, Јужноафриканска Република, Гвинеја и Буркина Фасо.

Покрај тоа, во извештајот се наведува и дека количеството на ископано и нерегистрирано злато во Африка е поголемо од она што се проценува.

извор: Анадолу.
фото: Анадолу.