Во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице, објави вчера МВР.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт и извршен е увид.
Засега нема информации за идентитетот на мажот, ниту дали смртта е насилна. Телото на починатиот е дадено на обдукција.