(Видео) Срби на одмор во Грција снимија огромна змија на плажа: се слушаат врисоци

0
143

Во Фејсбук групата Грчка инфо објавено е видео на кое се гледа огромна змија снимена на плажата во Патра. Таа беше снимена како излегува од морето, ползејќи преку плажата до грмушките. Во позадина се слушаат вресоци од исплашените туристи кои во тој момент се затекнале на плажата.

Меѓу стотиците коментари на ова видео, голем е и бројот на оние на кои не им било грижа кога на плажата виделе змија која, колку што може да се процени од видеото, била долга од 1,5 до 2 метри.