Во периодот од овој петок, па се до следиот вторник голем топол бран ќе ја зафати Македонија – се очекуваат температури до околу 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса со петекло од северните предели на Африка, во Македонија од овој петок, па се до следниот вторник ќе имаме особено високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во централните  и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека во попладневните часови не се исклучува можноста и тоа особено во планинските предели за појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје за време на овој топол бран и тоа во периодот од овој петок, па се до следниот вторник температурата ќе се искачи до околу 35 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност овие денови и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk