Учебната 2023/2024 беше многу плодна за малиот Македон. Математичкиот генијалец напиша книга од областа на астрономијата, а покрај златниот медал на натпреварот „Математика без граници“, тој освои и златен медал на Математичка олимпијада за основци во САД.
Нашиот мал математички генијалец Македон Димитровски, оваа учебна година ја завршува со уште еден златен медал, овојпат на Математичката олимпијада за основни училишта (MOEMS) од САД.
Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето НОВА, каде доби целосна стипендија за образование.
Инаку оваа математичка олимпијада е основана во 1979-та година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, каде секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.
Пред крајот на оваа учебна година малиот генијалец од Тетово го доби златниот медал и сертификатот за постигнатиот успех на Олимпијадата.
Инаку, ова беше мошне плодна година за Македон. Тој напиша книга на англиски јазик од областа на астрономијата, а во февруари се закити и со уште еден златен медал на натпреварот „Математика без граници“.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вели дека ќе нема проблеми во одвивањето на предизборната кампања поради двојниот…