Убиецот на Танкица од Кочани пронајден мртов во затвор

Утрово во кумановскиот затвор К’шање животот си го одзел затвореникот Усеин Рашидов од Кочани.

Се работи за убиецот на Танкица Младеновска од Кочани, кој ја усмрти со 40-тина убоди со нож, а потоа беше осуден на доживотна казна затвор за ова дело.

Како што тогаш пишувавме, жената поминувала низ пекол, работела во текстилна фабрика и била принудена да зема кредити и да му ги дава на Усеин, кој ја уценувал со компромитирачки фотографии.

Убиената и се доверила на колешка на која и рекла „или ќе се убијам, или ќе ме убијат“.

Наводно, на самоубиство помислила кога Усеин и побарал дополнителни 5000 евра.

При убивањето, убиецот не избегал, туку останал и ја чекал полицијата.

извор: 4news.mk