Меѓународниот тим, во кој е и турскиот астронаут Атасевер, го изведе суборбиталниот лет

0
63

ВСС Јунити на Вирџин Галактик, кој носеше тим од шест лица на мисија во вселената, меѓу кои и вториот турски вселенски патник Тува Џихангир Атасевер, го заврши суборбиталниот лет со слетување на Земјата во 9:40 часот по локално време во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

Авионот ВМС Еве, кој го носеше ВСС Јунити, полета во околу 8:30 часот по локално време со шест членови на екипажот: тројца астронаути – двајца американски и еден италијански, и двајца пилоти.

Летот траеше околу 70 минути, при што ВСС Јунити достигна височина од над 13.700 метри на леталото-носач; потоа е активиран хибридниот погонски систем за да се искачи на приближно 90 километри височина.

Атасевер имаше улога на истражувачки астронаут на последниот лет на вселенското летало Галактик 07.

Тој беше одговорен за спроведување на седум научни експерименти во услови на микрогравитација.

 

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.