Почина легендарниот НБА кошаркар Честер Чет Вокер

0
120

Американските медиуми објавија дека на 85-годишна возраст починал легендарниот Честер Чет Вокер.

Вокер беше член на Куќата на славните во Спрингфилд, а во текот на својата богата и успешна кариера дури седум пати учествуваше во НБА Ол-стар натпревари.

Тој влезе во НБА во 1962 година, кога Сиракуза, која подоцна стана Филаделфија Севенти-сиксерс, го избра како 12-ти пик на драфтот.

За овој тим играше до 1969 година, а потоа се приклучи на Чикаго Булс, каде што ја заврши својата играчка кариера во 1975 година. Тој влезе во Куќата на славните во 2012 година. По својата играчка кариера не остана во кошарката, туку се истакна како продуцент на неколку ТВ филмови.

 

 

telegraf.rs