Откако Вања ја немало полицијата го проверувала сутеренот на зградата каде што живееле. Ја зеле и помалата ќерка од учичиште и проверувале на и интернет дали пишува нешто за Вања, продолжи со сведочењето Зорица Ѓорчевска, на денешното судењето за двојното убиство на нејзината малолетната ќеркака и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје, објави РЕПУБЛИКА .
Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде, се присети Зорица.
Зорица тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.
Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.
Потврди дека – тоа му го кажала и на таткото.