Измерени се 31 степен во Македонија, а атмосферата е исполнета со прашина и песок од Сахара

Денешното претпладне во Македонија е многу мачно и спарно, а сонцето е како од под облак и тоа поради Сахарската прашина  и песок која е присутна во атмосферата, што значи дека најавениот облак од прашина и песок од Сахара е веќе тука.

Најтопло во 11 часот во Македонија според УХМР е во Гевгелија, Кавадарци и во Демир Капија со измерени 31 степен, во Скопје се измерени 29 степени и како по обичај најсвежо е во Крушево со измерени 22 степени во 11 часот.

Во продолжение погледнете ги и останатите температури измерени и во другите градови и места низ Македонија во 11 часот претпладнево, и тоа на мерните станици на (УХМР)

Погледнете како изгледа Струга претпладнево со Сахарската прашина и песок

 

meteoalarm.mk