Урсула фон дер Лајен по вчерашната победа порача „сите сакаме силна Европа“

0
104

„Ова е голем ден за ЕПП. Ние сме најсилната партија и сидрото на стабилноста и тоа го препознаа гласачите. Учествував во кампањата во 17 држави и 31 град и ги слушав грижите, но слушнав дека граѓаните се грижат за нашата Унија“, рече Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која и се обрати на јавноста по изборите за Европскиот парламент, кои покажаа дека има водство.

„Овие избори ни испратија две пораки. Прво, мнозинството е во центарот за силна Европа и центарот ја задржа својата сила: исто така е точно дека екстремните лево и десно ја добија својата поддршка и затоа овој резултат е порака за партиите на центар. Иако не се согласуваме за се, сите имаме исти ставови во однос на стабилноста и сите сакаме силна Европа. Затоа од утре ќе им се обратиме на големите семејства, поточно на социјалистите, демократите и Рењу, со кои добро соработувавме во изминатите години“, додаде таа.

 

Имено, екстремистите од лево и од десно добија поголема поддршка на европските изборите, но партиите на центарот го задржаа мнозинството Европскиот парламент и мнозинството Европејци покажаа дека сакаат силна Европа, порача претседателката на Европската комисија и „шпиценкандидатка“ на Европската народна партија (ЕПП), Урсула фон дер Лајен.

 

– Денеска е добар ден за Европската народна партија. Победивме на европските избори, истакна Фон дер Лајен пред новинарите во Европскиот парламент, заблагодарувајќи им на европските гласачи за укажаната доверба.

Според неа, иако дел од гласачите им изразија доверба на десните и на левите екстремисти, партиите во центарот сепак го задржаа мнозинството, но таквиот резултат доаѓа со поголема одговорност.

 

faktor.mk