Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада на Република Македонија.Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав.Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме.Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот.Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник.Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина, напиша на својот ФБ профил Гордана Димитриеска – Кочоска.
Related Posts
Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите
„Динамиката на пристапувањето во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) зависи од степенот на подготвеноста на земјите и степенот…
Полицаец доби условна, Ченто докажа дека незаконски бил „фрлен“ во притвор
Апелациониот суд – Скопје ја потврди пресудата на Кривичен дека полицискиот службеник, кој во mart 2018 година напишал бепешка дека…
Проширен пожарот над населбата Отовица, велешко и ја зафати боровата шума
Пожарот над населбата Отовица, велешко се прошири и ја зафати боровата шума. press24.mk